Skip to content

АСД Метал Груп

Профил

Компанијата АСД Метал Груп е основана пред десетина  годинии оттогаш активно се занимава со управување на отпад и рециклирање. Благодарение на долгогодишното искуство во областа на управување со опасен и неопасен отпад, како и континуирано вложување во обука за вработените и современа опрема, АСД Метал Груп денес нуди сеопфатно решение за преземање на опасен и неопасен отпад од различни бизнис сектори и индустрии. Со искуството повеќе години, ЕАСД Метал Груп денес има разновидна база на клиенти, вклучувајќи ги повеќето индустриски компании во земјата. Денес АСД Метал Груп успешно соработува со голем број домашни и меѓународни компании. АСД Метал Груп има долгорочна соработка со големи компании од различни сектори како: енергетски сектор, метали и рударство, автомобилска индустрија, фармацевтска индустрија, производство на храна и пијалаци, телекомуникации, финансии, рафинерии и снабдувачи на гориво и др

 

Тим

Тимот на АСД Метал Груп го сочинуваат голем број на професионалци со богато искуство и познавање во полето на рециклирање и ракување со опасен и неопасен отпад. Во зависност од својата позиција, вработените ги поседуваат потребните вештини и квалификации за ефикасно извршување на зададените задачи. Вработените добиваат континуирана обука во зависност од типот на отпад со кој што ракуваат и потребите на

Задоволство на клиентите

Приоритет ни е задоволството на клиентите кое целиме да го постигнеме преку разбирање на нивните потреби, обезбедување безбедни, навремени и ефикасни решенија за управување со отпад и одржување на отворена комуникација.

Усогласеност и стандарди

Строго се придржуваме до сите релевантни закони, стандарди и најдобри практики во управувањето со отпадот. Нашите услуги се спроведуваат со главен фокус на еколошките принципи, безбедноста и законската усогласеност.

Иновации и ефикасност:

Активно ги следиме новите иновации и технологија за да ги оптимизираме нашите процеси за управување со отпад, да ја подобриме ефикасноста и да го минимизираме влијанието врз животната средина