Автомобилите и останатите возила кои се неисправни, нефункционални или повеќе не ги задоволуваат критериумите на ЕКО стандардите за употреба исто така се предмет на рециклирање. Стручните лица на АСД Метал Груп првично ги демонтираат возилата, а потоа се сортираат металите, текстилот, стаклото, гумите како и опасните супстанци од маслата кои ги има во автомобилите.
Откупот на старите автомобили се врши по килограм, а АСД Метал Груп издава соодветна документација која што понатаму служи возилото да биде одјавено во надлежните министерства во земјата и странство.