
НЕ ЈА УНИШТУВАЈ ПРИРОДАТА. РЕЦИКЛИРАЈ !
Се залагаме за заштита на природата и природните ресурси од загадување и намалување на климатските промени.

Електронски и Електричен отпад
Предадете ги Вашите нефункционални електрични (уреди од домаќинство, машини) и електронски уреди (компјутерска опрема, принтери, монитори) за рециклирање.
Опасен отпад
Предадете го опасниот отпад на лиценцирана компанија за транспорт, собирање и третман на опасен отпад.
Акумулатори и батерии
Предадете ги Вашите потрошени акумулатори и батерии за да не завршат како опасен отпад во природата.
Отпад на стари возила
Автомобилите и останатите возилата кои се неисправни, нефункционални или повеќе не ги задоволуваат критериумите на ЕКО стандардите за употреба исто така се предмет на рециклирање.Стручните лица на АСД Метал Груп првично ги демонтираат возилата, а потоа се сортираат металите, текстилот, стаклото, гумите како и опасните супстанци од маслата кои ги има во автомобилите.

ОТПАДЕН ТЕКСТИЛ
Од сите стари алишта, 70 проценти се користат за користена облека, 6 проценти се користат за кеси за отпад и патенти, 8 проценти се користат за обновување и рециклирање влакна, 7 проценти се користат како материјал за бришење, а останатите 9 проценти се користат со дробење.. Повеќе од 70 отсто од светската популација користи половна облека
ЕЛЕКТРОНСКИ И ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД
Во категоријата електронски отпад спаѓаат сите видови компјутери и компјутерска опрема (тастатури, глувчиња), монитори, принтери, кертриџи, тонери, скенери, мобилни телефони, фотоапарати, телевизори, видео и аудио уреди и сл.
